Top Sport

Леао: Почетокот во Милан беше многу тежок, Златан многу ми помогна

Ѕвездата на Милан и минатогодишен МВП во Серија А, Рафаел Леао се потсети на пристигнувањето во Серија А и на неговиот однос со Златан Ибрахимовиќ, кој му помогнал во адаптирањето на неговата игра.

Португалецот пристигна на „Сан Сиро“ во 2019 година од Лил за 29.5 милиони евра, и израсна во еден од најдобрите фудбалери во италијанската Серија А, и со две години од неговиот договор со „росонерите“, во клубот главна цел е да ги спречат Челси да го убедат напаѓачот за трансфер.

„Првите две години во Милан беа многу тешки. Дојдов од Франција, каде што лигата беше помала и животот беше многу поинаков. Кога ќе пристигнете во клуб како Милан, веднаш знаете дека мора да победувате, дека многу легенди го носеле овој дрес и освојувале многу трофеи. Тоа го чувствувате веднаш, и по транзицијата станав друг човек и друг играч. Во овој период, најмногу ми помогна моето семејство, тренерот Пиоли и Ибра, кој постојано внимаваше на мене. Златан е вистински пример, ме научи колку е важно да останеш фокусиран, дури и надвор од теренот. Честопати разговараме, не како колеги или професионалци, туку како обични луѓе“, вели Леао.

Scroll to Top