Top Sport

Целје го „стопираше“ Кил, Алборг со втора победа

Целје успеа да стигне до импресивна 38:36 (17:14) победа над фаворизираниот Кил во второто коло во ЕХФ Лигата на шампиони, додека Алборг најави дека ќе биде сериозен конкурент оваа сезона со лесна втора победа, овојпат на гости во Норвешка, кај Елверум со 33:25 (17:14).

Во Словенија, Кил имаше фантастичен старт и по 12 минути игра имаше 8:4 водство за да најават втора победа на тимот на Филип Јиха, но Целје успеа да се врати откако Алекс Влах постигна седум гола за само 15 минути, а со фантастичниот Гал Габршек на голот, Целје направи три гола предност на полувреме (17:14).

И покрај обидот на гостите за враќање во второто полувреме, словенечкиот тим ја запиша првата победа во ЛШ оваа сезона. Влах на крајот заврши со 10 постигнати голови, Маргуч и Иванковиќ имаа по пет за Целје, додека кај Кил, само Патрик Винцек со 10 гола беше расположен.

Мадс Хангард со 7 гола и Јеспер Нилсен со 6 гола ги предводеа Алборг до убедлива 33:25 победа во нордиското дерби.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА Б
Целје – Кил 38:36 (17:14)
Елверум – Алборг 25:33 (14:17)

Standings provided by SofaScore

Scroll to Top