Top Sport

Лебеф: Мбапе лесно се откажува, Белингем е вистински лидер

Франк Лебеф, поранешен француски репрезентативец и светски првак со Франција, не е импресиониран од Килијан Мбапе.

Во изјава за ESPN, Лебеф беше доста критичен кон напаѓачот на Пари Сен Жермен и француската репрезентација.

Тој беше прашан доколку може да избере, кого повеќе би сакал да има во својот тим, а му беа понудени Мбапе, Ерлинг Халанд и Џуд Белингем.

Интересно избра играч на Реал.

„Би го избрал Белингем поради една причина. Тој игра како играч од средниот ред и е корисен на многу начини, дефанзивно, офанзивно, во организацијата на играта, тој е лидер на теренот. Сето тоа го прави прекрасно и затоа би изберете Белингем“, изјави Лебеф.

Со двата гола против Холандија, Мбапе неодамна го зголеми бројот на голови за репрезентацијата на Франција на 42.

Сега е капитен на Франција, но Лебеф се уште има резерви кон него.

„Проблемот со Килијан Мбапе е што кога ја губи топката не се труди да ја врати назад. Се откажува, не ги почитува соиграчите и тоа не ми се допаѓа“, заклучи Лебеф.

Scroll to Top