Top Sport

Лече ги урна шампионските сништа на Лацио (Видео)

Фудбалерите на Лацио доживеаја нов пораз во Серија А. По поразот од Милан во минатото коло (3:0), Лацио во првиот меч од 31 коло загуби на гостувањето во Лече (2:1). Овој пораз значи дефинитивен крај за шампионските амбиции на Лацио, додека Лече освои важни бодови во борбата за опстанок.

Како играа фудбалерите на Лацио во Лече можат да бидат задоволни со поразот од 2:1. Домаќините преку Манкосу постигнаа гол во втората минута, меѓутоа ВАР го поништи поради играње со рака.

Три минути подоцна Каиседо го совлада домашниот голман и му донесе предност на Лацио. Лече израмнија во 30 минута преку Бабакар, а во финишот на полувремето имаа можност да постигнат уште еден гол, но Манкусо од пенал биеше над голот.

Лече до водство дојдоа во 47 минута кога Страхоша беше совладан од Лучони.

До крајот на мечот Стракоша го одбрани ударот на Манкосу во 75 минита, а неколку минути подоцна Габриел беше поуспешен од Милинковиќ-Савиќ, а во 87 минута го одбрани и ударот на Адекање.

Лацио остана на 68 бода и ќе остане на второто место и по ова коло, додека Лече има бод и натпревар повеќе од Џенова која сега се наоа на 18 место.

Scroll to Top