Top Sport

Тешка победа на Челси, ножичките на Велбек за три бода на Вотфорд (Видео)

Челси забележа победа кај Кристал Палас (2:3), а Вотфорд освои важни бодови во борбата за опстанок против Норич (2:1) во воедните натпревари од 34 коло во Премиерлигата.

На „Селхурст парк“ Кристал палас и Челси одиграа одличен меч кој го обележа голот на Вилфрид Заха во 34 минута. Заха од 25 метри со разорен удар ја „скина мрежата“ на Кепа.

Претходно Челси водеше со 2:0, со головите на Оливие Жиру во шестата и Кристијан Пулишиќ во 27 минута. Асистент кај двата гола беше Вилијан.

Предноста од два гола Челси ја вратија во 71 минута кога акцијата на Лофтус-Чик со гол ја заврши Ејбрахам. За младиот напаѓач ова беше првиот гол по пауза од речиси шест месеци.

Меѓутоа веднаш во следниот напад Кристал палас псотигнаа гол. Ван Анхолт лесно го мина Кристенсен, го спои со голот Кристијан Бентеке на кого не мо беше тешко да ја погоди целта.

Во последните десет минути Челси пропуштија можност да го решат победникот со уште еден гол, додека Палас немаа среќа да стигнат до 3:3.

Ударот на Мекартур во 95 минута заврши во дирекот, а една минута подоца Курт Зума во последен момент интервенираше пред Бентеке кој беше сам пред голманот на Челси.

Вотофорд со 2.1 славеа над Норич. Победникот го реши поранешниот англиски репрезентативец Дани Велбек кој во 56 минута со ножички го совлада голманот на Норич.

Претходно Норич го постигнаа првиот гол на мечот преку Буендија во четвртата минута, а во 10 минута израмни Доусон.

Вотфорд сега на 17 место има четири поени повеќе од Астон Вила и Борнмут.

Scroll to Top