Top Sport

Леганес не се предава – во борбата за опстанок ја победија Валенсија

Леганес нема намера да се предаде во борбата за опстанок во Ла Лига. Фудбалерите од Мадрид во 36 коло забележаа победа 1:0 во дуелот со Валенсија. Со овој триумф Леганес стигна до 32 бода на табелата се израмни со Мајорка и има три бода помалку од Алвес кој се наоѓа во безбедната зона. Алавес и Мајорка допрва ќе ги одиграат своите мечеви од ова коло.

На „Бутарке“ Леганес со херојска борба успеа да ја победи Валенсија, која на последните пет натпревари има забележано само една победа.

Голот за победа го постигна Перез во 18 минута од пенал. Сепак јунак на победата е голманот Куељар кој одбрани неколку тешки топки, а во 59 минута одбрани пенал на Дани Парехо.

Леганес од од 54 минута Леганес играа со фудбалер помалку. Силва поради груб прекршок доби директен црвен картон.

Scroll to Top