Top Sport

Удинезе потопени од Сампдорија, Болоња испушти победа во Парма

Драматичен меч во 32 коло во Серија А одиграа Парма и Болоња. Парма се спаси од пораз во последните минути од натпреварот, конечниот резултат е 2.2. Вечрва значајни бодови во борбата за опстанок освоија фудбалерите на Лече, кои одиграа без бодови кај Каљари, како и Сампдорија која победи на гостувањето во Удинезе со 3.1. Илија Неторовски беше стартер во тимот на Удинезе.

На „Енио Тардини“ Болоња по 16 минути водеше против Парма со 2:0. Данило постигна гол во третата минута, а 13 минути подоцна Соријано го постигна вториот гол. Резултатот беше актуелен се до 93 минута кога Куртиќ намали на 1:2, а само две минути подоцна Инглезе го постави конечниот резултат.

Самдорија со пресврт во второто полувреме победи во Удине. Удинезе имаа водство со голот на Лазања. Пресвртот го направија Кваљареал, Бонацоли и Габијадини.

Фиорентина против Верона избегна пораз во 96 минута со голот на Кутроне. Претходно Верона имаше предност со голот на Фараони.

Scroll to Top