Top Sport

Норич „се лизга“ кон Чемпионшип, Саутемптон доминантни нагости (видео)

Премиерлигашот Норич продолжи со очајните изданија во ПЛ и се чини нема намера да го пушти „фенерот“ во лигата.
„Жолтите“ остануваат заковани на дното на табелата и по 30. коло откако вечерва доживеаја домашен пораз од Саитемптон со 3-0.

Иако првото полувреме од мечот немаше голови, уште на почетокот на вториот дел „светците“ стигнаа до водството. Ингс погоди во 49. минута за 0-1.

Само 5 минути подоцна, гостите преку контранапад ја зголемија предноста. Стрелец на вториот гол беше Армстронг.
Конечните 0-3 беа дело на Рејмонд, на десет минути до крајот на мечот.

Саутемптон со денешните 3 бода се искачи една позиција на табелата, а зад себе го остави тимот на Њукасл.

Scroll to Top