Top Sport

Легенда! Асприлја го покани мексиканскиот селектор на оргија

Легендата на колумбискиот фудбал и на Њукасл јунајтед, Фаустино Асприлја го покани мексиканскиот селектор Хуан Карлос Осорио на оргија откако Мексико успеа да ги шокира Германците со 1:0.

Асприлја преку Твитер порака на која е со три прекрасни жени јасно посочи: „Историски триумф за Мексико и професорот Осорио, мораме да го прославиме, кажи ми каде да ги пратам овие три“. Колумбиецот потоа се предомисли и го избриша твитот.

Асприлја, кој во кариерата играше и во Парма, неодамна промовираше сопствен бренд на кондоми, а наводно добил понуда да снима и порно-филм.

Пораката исто така доаѓа откако неколку мексикански репрезентативци пред шампионатот беа „фатени“ како се забавуваат со проститутки во наводна роденденска забава за Хавиер Ернандез Чичарито.

Ѕола признава: Лудоста на Тино Асприља не се мереше

 

Scroll to Top