Top Sport

Легенда на Наполи – Марек Хамшик

Марек Хамшик со златни букви се запиша во историјата на Наполи. Словакот против ПСЖ го одигра 512.меч за Наполи со што стана фудбалер со најмногу настапи во 92-годишната историја на клубот од „Сан Паоло“.

Покрај тоа што има најмногу настапи за Наполи тој е и најдобриот стрелец во клупската историја, за него е легендата Диего Марадона.

Втор на вечната листа, според бројот на настапи за Наполи е Џузепе Бруколоти. Овој фудбалер, во периодот од 1972 до 1988 година одиграл 511 натпревари. Следуваат Антонио Јулиано (505 настапи од 1962-1978), Морено Ферарио (396 настапи од 1977-1988) и Чиро Ферара (322 настапи од 1984 до 1994).

Scroll to Top