Уште еден фудбалер што остави значајна трага во светскиот фудбал реши да стави крај на кариерата. Станува збор за поранешниот руски репрезентативец Андреј Аршавин.
На залезот на кариерата, Аршавин играше во Казахстан во екипата на Каират. Со овој клуб имал договор до крајот на сезоната, но тој ненадејно решил да ја заврши кариерата.
За Каират, Аршавин, на 30 натпревари забележа девет гола и 13 асистенции.
Низ кариерата овој напаѓач играл за Кубан, Зенит и Арсенал.
За руската репрезентација настапил на 75 натпревари, на кои постигнал 17 гола. Најголемиот успех со репрезентацијата го постигна на ЕП во 2008 година кога играше во полу-финалето.