Top Sport

Легендарниот Џејми Варди се сели во Серија А

Фудбалскиот клуб Кремонезе, по пауза од три години се врати во Серија А. Новата сезона во елитното друштво на италијанскиот фудбал, Кремонесе ја започна со сензационална победа на „Сан Сиро“ против Милан (1:2).

И покрај тоа што сезоната започна Кремонезе планира да донесе уште неколку играчи до крајот на преодниот рок. Кремонезе започна преговори со легендарниот напаѓач на Лестер, Џејми Варди (38), кој е слободен откако го напушти англискиот клуб, пишува „Скај Спорт Италија“.

Иако го прослави својот 38-ми роденден во јануари, Варди верува дека сè уште може да игра на највисоко ниво.

Тој стана достапен на пазарот откако му истече договорот со Лестер, клубот каде што помина 13 години и со кој, под водство на тренерот Клаудио Раниери, сензационално ја освои титулата во Премиер лигата во 2016 година.

Искуството од работата со италијанскиот стручњак би можело да го охрабри да се испроба во Серија А, што е она на што се надеваат во новиот италијански прволигаш.

Добро познатиот експерт за трансфери Џанлука Ди Марцио потврди дека преговорите се во тек и дека Кремонезе вложува големи напори да го убеди англискиот напаѓач дека доаѓањето во Италија е вистинскиот чекор за продолжување на кариерата.

Варди не е единственото големо име поврзано со клубот. Кремонезе наводно е блиску до договор за позајмица со право да го купи камерунскиот напаѓач Фарис Мумбања (25) од Олимпик Марсеј.

Scroll to Top