Top Sport

Легендарниот Герд Милер ја губи битката со Алцхајмеровата болест

Легендарниот напаѓач на Баерн Минхен и на Западна Германија, Герд Милер, кој оваа недела ќе наполни 75 години ја губи битката со Алцхајмеровата болест, открива неговата сопруга во емотивно интервју за таблоидот „Билд“.

Уши Милер вели дека напаѓачот „спие кон својот крај“, дека целото време го поминува во кревет и дека воопшто не јаде.

„Секогаш бил борец, секогаш храбар, во текот на целиот живот и така е сега. Герд спие кон својот крај“, вели Уши Милер.

Милер живее во дом за стари лица каде што секојдневно е посетуван од неговата сопруга. Со прекар „бомбардер на земјата“, Милер постигна 365 гола во 427 настапи во Бундеслигата и уште го има рекордот со 40 гола во сезона. Тој исто така постигна 68 гола во 62 настапи за Западна Германија, освојувајќи ја европската титула во 1972 и светската круна во 1974 година.

Scroll to Top