„Неприлагодена брзина е неодговорен став. Во несреќата имаше повеќе жртви, освен возачот. Рејес не заслужува почести да биде херој, но тоа не значи дека не го жалам и не се молам за неговата душа“.
Ова е пораката која на Твитер ја остави поранешниот голман на Валенсија и на шпанската фудбалска репрезентација, Сантијаго Кањизарез по вчерашната тажна вест која го шокираше светот, а во која се вели дека Хозе Антонио Рејес (35) загина во страшна сообраќајна несреќа откако со автомобилот при 200 километри на час излетал од патот.
Трагедијата се случи вчера во 11:40 часот на автопатот А-376 додека Рејес го возел автомобилот „мерцедес брабус с550“ кој има 380 коњски сили.
Освен Рејес, во несреќата загинаа и неговите роднини, Џонатан Рејес и Хуан Мануел Калдерон, кој на повредите им подлега во болница.