Top Sport

Продолжува тениската бајка на Петра Мартиќ, ќе игра четвртфинале во Париз

Хрватската тенисерка Петра Мартиќ се пласираше во четвртфиналето на тенискиот гренд-слем турнир Ролан Гарсо во Париз. Мартиќ попладнево ја совлада во осмнафиналето Естонката Каију Канепи со 5-7 6-2 и 6-4 по 134 минути игра.

Мартиќ првпат во кариерата ќе биде меѓу осумте најдобри тенисерки на Ролан Гарос.

Хрватката покажа висока ментална моќ откако успеа по првиот изгубен сет да направи пресврт и да стигне до драгоцената победа.

Во четвртфиналето Мартиќ ќе се судри со чешката тенисерка Маркет Вондроусова, која е 44. на ВТА листата. Чешката тенисерка за борба против Хрватката ја збриша Летонката Севастова со 2-0 (6-2 6-0).

Во третото денешно осминафинале на женкиот дел од турнирот во Париз Британката Конта беше подобра од Хрватката Дона Векиќ со 2-0 (6-2 6-4).

Таа ривалот во четвртфиналето ќе го добие по пресметката меѓу Мугуруза и Степенс.

Scroll to Top