Top Sport

Легендарниот Киелини се збогува со фановите на Јуве

Џорџо Киелини заминува од Јувентус по речиси две децении. Столбот на одбраната на „старата дама“ вечерва се збогува со навивачите во Торино, беше стартер, а тренерот Масимилијано Алегри го повлече од игра во 18.минута, како асоцијација на годините кои ги помина во дресот на Јуве.

Искусниот 37-годишен дефанзивец одлуката дека заминува ја соопшти по поразот од Интер од пред четири дена.

„Ќе се збогувам на нашиот стадион в понеделник, но можеби ќе одиграм уште некоја минута во Фиренца. Заминувањето е мој избор, си одам мирен и среќен“, изјави Кјелини.

Scroll to Top