Top Sport

Легендарниот селектор се уште не знае за смртта на Диего Марадона

Легендарниот аргентински фудбалски селектор Карлос Билардо (83) се уште не знае дека еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња – Диего Армандо Марадона веќе не е меѓу живите.

Иако од смртта на Марадона поминаа повеќе од 10 месеци, семејството на тренерот не најде начин како да му ја соопшти веста дека овој свет го напушти неговиот најдобар ученик, пренесоа аргентинските медиуми.

Сепак, тажните вести на Карлос ќе мора да му ги соопштат, а тешката задача им припадна на Оскар Руџери и Хорхе Буручага – фудбалерите кои заедно со Марадона под командата на Билардо во 1986 година станаа светски шампиони на Мундијалот во Мексико.

Информацијата за смртта на Марадона од Билардо ја кријат поради неговото кревко здравје, па проценките се дека тој веста полесно ќе ја прифати ако му ја соопштат играчите кои на времето ги тренираше.

Претходните месеци семејството на тренерот на сите начини се обидуваше тој да не ја дознае судбината на „Ел Пибе“ – му ги криеле весниците и му го менувале телевизискиот канал кога на програмата ќе оди вест за Диего.

Scroll to Top