Седумкратниот светски шампион во Формула 1 – Луис Хамилтон во „најбрзиот циркус“ досега вози веќе 14 сезони и тоа само за 2 тима – Мекларен и Мерцедес. Тој во разговор за „Скај“ вели дека во 2019 година бил во некакви си преговори со Ферари, но сепак решил да остане во Мерцедес.
„Секогаш кога ќе дојдам во Монца и кога поминувам пред фановите слушам довикуваат `Дојди во Ферари`. Во тие моменти ми е топло околу срцето, неверојатно е што никогаш не сум возел за Ферари. Никогаш не ни постоеше некоја сериозна можност да дојдам и навистина не знам која е причината. Во Ферари им поакувам се најдобро, но ќе се потрудам и во иднина да не бидат светски шампиони“ рече Британецот.
Хамилтон, сепак, вели дека во домот има неколку `ферарија`.
„Тие смеам да ги возам, но оној во Ф1 сепак не смеам. Во последните 4-5 години често се прашував дали сакам да го жртвувам приватниот живот поради тренинзи и трки. Имам многу интереси и уживам во многу други работи. Ќе возам се додека имам страст и желба за натпреварување“ рече Хамилтон кој е лидер во генералниот пласман и сезонава.