Легендарниот српски тренер, Бора Милутиновиќ, човекот кој предводеше пет различни репрезентации на Мундијалите (Мексико, Костарика, САД, Нигерија и Кина), беше гостин на тренингот на хрватската репрезентација во Доха пред полуфиналето со Аргентина, како што вели „да види дали работите уште се прават“ како во негово време.
78-годишниот Милутиновиќ живее во Катар, каде што има посебна програма за кинеската ТВ.
„Сакав да видам дали е поинаку од моето време. Терените се идеални, камерите се насекаде… Модриќ одигра фантастично против Бразил, штета што нема многу такви фудбалери. Далиќ пак, покажа дека е супер тренер, со многу познавае и интелигенција и без него не би стигнале толку далеку“, вели Милутиновиќ за „Индекс“.
Хрватските навивачи, пак, беа вознемирени од отсуството на Јошко Гвардиол од денешниот тренинг, но од хрватската репрезентација порачаа дека не постои повреда ниту загриженост, и дека Гвардиол добил „поштеда“ по напорните 120 минути против Бразил.