Легендата на италијанскиот фудбал, Џани Ривера вели дека „достапен ако на Милан му треба помош“, откако ја комплетираше својата обука и ги доби „беџовите“ на ФИФА на 76 години.
Ривера одигра над 600 натпревари за Милан од 1960 до 1979 година, освојувајќи три скудета, две европски титули и три Куп на победници на купови и беше дел од шампионската италијанскат репрезентација од Европското првенство во 1968 година.
По повлекувањето од фудбалот, тој беше политичар за неколку левичарски партии, пред да работи како претседател на техничкиот сектор на националната фудбалска федерација. Сега, само два месеци пред неговиот 77. роденден, Ривера е подготвен да практикува сопствен напаѓачки фудбал.
„Кога играв, никогаш не ги гледав другите. Имав сопствена идеја за напаѓачки фудбал, која сега сакам да ја реализирам. Неодамна ги комплетирав сите обуки и сега можам да бидам тренер. Ако на Милан им треба помош, јас сум тука“, вели легендата.