Top Sport

Легендата на Јувентус ќе го „гаси пожарот“ во клубот

Јувентус е во голема резултатска криза. Во Серија А имаат само десет бода по седум одиграни натпревари, ги загубија првите два натпревари во Лигата на шампионите од ПСЖ и Бенфика, а немаат победа на последните пет натпревари.

Цехот за лошите резултати ќе го плати тренерот Масимилијано Алегри. Челниците на ’Бјанконер’ смислуваат како да го отпуштат Алегри, со минимални трошоци, со оглед на тоа што искусниот стручњак има договор до 2025 година, според кој заработува околу седум милиони евра годишно.

Во меѓувреме, „Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус го нашол „најповолното можно решение“.

Станува збор за Уругваецот Паоло Монтеро (51), кој моментално го предводи јуниорскиот тим на Јувентус. Поранешниот дефанзивец е легенда на торинскиот клуб. Играше девет години во Јуве, забележа 278 настапи.

Челниците на Јувентус сметаат дека Монтеро е најдоброто можно решение во овој момент дури и ако Алегри одбие спогодбено да го раскине договорот. Тој би бил ставен во втор план, а Монтеро би бил тој што ќе ги води тренинзите.

Scroll to Top