Top Sport

Легендата на Ливерпул во солзи се прости од „Енфилд“

Роберто Фирмино со гол во 90.минута стречи пораз на Ливерпул во дуелот со Астон Вила.

Бразилецот го одигра последниот натпревар во црвениот дрес на „Енфилд“.На крајот од сезоната тој ќе го напушти Ливерпул како слободен играч.

Тој се прости од култниот стадион со гол кој му донесе бод на Ливерпул. Тоа беше 110. гол за бразилскиот напаѓач во неговиот 361. настап за Ливерпул.

По натпреварот играчите и тренерите на Ливерпул направија шплир низ која со солзи во очите и со овации од сите на стадионот мина Фирмино.

 

Scroll to Top