Top Sport

Легендата на Нигерија го презеде националниот тим

Нигерискиот фудбалски сојуз го назначи поранешниот репрезентативец Финиди Џорџ за нов селектор на националниот тим. Џорџ на клупата на Нигерија ќе го замени Португалецот Хозе Песеиро.

53-годишниот тренер му беше асистент на Песеиро 20 месеци. Португалецот ја напушти функцијата откако Нигерија беше поразена од Брегот на Слоновата Коска во финалето на Африканскиот куп на нации.

Поранешниот играч на Ајакс и Бетис ќе има задача да избори пласман на Светското првенство во 2026 година.

Нигерија, во јуни мора да победи во наредните дба натпревари, против Јужна Африка и Бенин, бидејќи моментално е трета во групата Ц, зад Руанда и Јужна Африка.

Џорџ, кој одигра 62 натпревари за националниот тим, беше дел од „златната генерација“ на Нигерија која го освои Африканскиот куп на нации во Тунис во 1994 година.

Scroll to Top