Top Sport

Легендата на Реал потенцијален наследник на Зидан

Елиминацијата од Челси во полу-финалето, во Лигата на шампионите, повторно ги поттикна гласините за можното заминување на Зинедин Зидан од Реал Мадрид.

„Марка“, пишува на оваа тема и како потенцијален наследник во преден план го става, легендарниот играч на Реал, Раул Гонзалес Бланко.

Раул, неодамна со вториот тим на Реал, Кастиља, успеа да обезбеди пласман во Втората лига на Шпанија (Сегунда), а минатото лето ја освои младинската Лига на шампиони.

Доколку се реализира ова сценарио, тогаш Раул би минал по истиот пат по кој во 2015 мина Зидан. Зизу, како тренер на Кастиља, најпрвин му стана помошник на Карло Анчелоти, а во 2015 година беше именуван за прв тренер.

Scroll to Top