Top Sport

Легендата на Вележ, Семир Туце доживеал срцев напад

Легендата на мостарски Вележ и ексрепрезентативец на поранешна Југославија, Семир Туце доживеал срцев удар во својот дом во Кринс, Швајцарија, каде што живее и морал на итна операција, по што почнал периодот на рехабилитација.

57-годишниот Туце е дел од славната генерација на Вележ од 1980-тите, која ја освои титулата на Купот на Маршал Тито во 1986 година. Тој живее во Швајцарија од 1989 година, кога за тогашен рекорд од 1.9 милиони швајцарски франци потпиша за Луцерн и помина шест години таму, пред во 1995 година да се пензионира на само 31 година.

За поранешна Југославија тој имаше 7 настапи и 2 гола, додека за Вележ играше 173 пати и даде 55 гола.

Scroll to Top