Капитенот на Тотенхем, Сон, потврди дека го по 10 години ќе го напушти клубот.
Во последните недели се шпекулираше за неговото заминување, а сега капитенот на Тотенхем на прес-конференција за време на азиската турнеја потврди дека го напушта северен Лондон.
„Дојдов во Тотенхем како момче, имав 23 години, дури и не зборував англиски, а си заминувам како возрасен човек во многу горд момент. Ова беше една од најтешките одлуки што сум ги донел. Решив да си заминам ова лето“, рече Сон.
Сон е дефинитивно една од најголемите легенди на клубот, помина цела деценија во Тотенхем, одигра 454 натпревари, постигна 174 гола и регистрираше 101 асистенција.
Според информациите, Сон ги отфрлил понудите од Саудиска Арабија, како и поканата на Жозе Мурињо да се пресели во Фенербахче, а неговиот следен клуб ќе биде Лос Анџелес.
Бројни сигурни извори потврдија дека Сон е во завршни преговори и дека би можел да отпатува за да го потпише договорот во текот на следната недела.