Шкотскиот актер Мартин Компстон и поранешните фудбалери на Селтик, Алан Томпсон и Боби Пета се најдоа на ударот на британските медиуми, откако беше објавено видео на кое тие пеат песни за Ирската републиканска армија (ИРА) на собирот на американските навивачи на шкотскиот клуб во Лас Вегас во четвртокот.
Компстон демантираше дека пеел за ИРА.
„Да бидеме јасно, 100 отсто е сигурно дека не ги пеев текстовите со ИРА. Погледнете ги снимките во кои им кажував на другите дека е потребно да сопрат. Ги поминав последните пет години од мојот живот работејќи во Белфаст и добро знам што значи таква песна. Јас едноставно ја пеев ‘Прекрасна недела’ од Даниел Бун, која секогаш се пушта на ‘Селтик парк’“, изјави актерот.
Иако Селтик е шкотски клуб од Глазгов, најмногу навивачи клубот има токму меѓу Ирците, и во долгата историја доаѓа ривалството со Глазгов Ренџерс – Селтик е клубот на тие кои ја следат католичката вера, додека Ренџерс е познат како протестантски клуб.
@pressjournal compston singing about the IRA pic.twitter.com/I2C1OIzNeq
— GLASGOW? (@COP26_GLASGOW_) June 16, 2022