Top Sport

Легендите на чело на Милан – Малдини технички директор, Бобан спортски директор

Милан официјално го промовираа Паоло Малдини на позицијата технички директор на клубот, додека уште една легенда на „росонерите“, Хрватот Звонимир Бобан заминува од ФИФА за да стане главен директор за фудбал на клубот.

Малдини претходно минатата сезона се врати во клубот како директор за спортска стратегија и развој, но сега го презема местото на Леонардо, кој замина од итимот. 50-годишниот Малдини, кој има рекордни 902 настапи за „диаволо“ од 1985 до 2009 година, период во кој освои 26 титули, ќе работи заедно со Бобан и со извршниот директор на клубот, Иван Газидис.

Бобан, кој беше заменик генерален секретар на ФИФА од 2016 година, се враќа во тимот во кој играше од 1991 до 2001 година, освојувајќи 9 титули.

„Многу е тешко да се напушти ФИФА, но го следам срцето и страста при оваа одлука. Луѓето во Милан се мое семејство, а градот Милан и Италија се мојот дом. Имам горлива желба да помогнам на овој славен тим да се врати каде што заслужува“, изјави Бобан.

Scroll to Top