Top Sport

Легендите на Милан „удрија“ по Тео Ернандез: Глупав потег, идиот, што ли мислеше?

Елиминацијата на Милан од Лигата на шампионите е тема на денот во Италија. Виновникот е капитенот Тео Ернандез, кој на почетокот на второто полувреме доби црвен картон. Со играч повеќе Феенорд постигна гол и го елиминира фаворитот.

„Росонерите“ во 36. секунда ја надополнија негативата од Ротердам, имаа контрола на мечот против десеткуваниот Феенорд и на крајот беа елиминирани. Пресврт беше исклучувањето на Тео Хернандез на почетокот на второто полувреме за симулација. Од тој момент се врати на мечот со Феенорд, постигна гол и се пласираше во топ 16 во Европа по пауза од 50 години.

По натпреварот, Ернандез се најде под лавина критики од големи фудбалски имиња од сите страни. Најсуров беше легендарниот играч за врска на Милан и еден од највлијателните ТВ аналитичари во Италија, Звонимир Бобан.

„Тој го прави ова со години. Непоштено и неспортски. Зачуден сум што никој не му рекол да го смени однесувањето на теренот. Апсурд е начинот на кој го доби вториот жолт картон. Не може така. Нема „но“ или „ако“. Од почетокот на оваа сезона го гледаме Тео Хернандез кој не е ни сенка на играчот од претходните сезони. По пристигнувањето во Милан, тој беше слаб во одбраната, но се подобруваше со текот на времето. Оваа сезона, како и не се обидува да игра одбрана. Што ли си мислеше кога се обиде да изнуди пенал со симулирање. Го заслужи ова. Судијата Марчињак покажа дека има ма…а и му кажа „збогум“, рече Бобан.

Неговиот поранешен тренер и легенда на италијанскиот фудбал Фабио Капело исто така немаше разбирање она што го направи францускиот бек.

„Кога ќе направите толку многу грешки колку што направија во првото полувреме, тогаш „нешто“ ќе ви се случи. Тоа „нешто“ беше Тео Хернандез. Прво доби жолт картон за детско туркање. А потоа уште еден кој беше санкциониран од строг и праведен судија. Неговото исклучување им ја врати храброста на играчите на Феенорд“,изјави Дон Фабио.

Ниту легендарниот Алесандро Костакурти не е може да објасни што се случува со фудбалерите на Милан.

„Играте решавачки натпревари и правите неприфатливи грешки. Во Загреб исклучен беше Муса, во Ротердам Мењан беше виновен за голот, вечерва Тео беше исклучен…Толку грешки не можете и не смеете да правите да направите“, изјави популарниот Били.

Легендата на Феенорд и поранешен холандски репрезентативец Пјер ван Хујдонк беше немилосрден во холандското студио кон Ернандез.

„Каква луда европска ноќ!. Феенорд со толку повреди, со примен гол во рпвата минута… И тогаш се појавува тој идиот Тео Ернандез и ни помага. Фантастично! Никој не го очекуваше ова. Никој!“, изјави некогаш одличниот голгетер.

Дури и легендарниот Холанѓанец на Милан, Марко ван Бастен беше немилосрден, иако важи за благ критичар.

„Првокласен идиот“, го коментираше Ван Бастен исклучувањето на капитенот на Милан.

Scroll to Top