По 18 години професионален фудбал, дефанзивецот Лејтон Бејнс (35) денеска објави дека ја завршува кариерата.
Бејнс 13 години го носеше дресот на Евертон, најчесто на позиција лев бек. Претходно 5 години настапуваше за тимот на Виган.
Во неговиот престој со „Карамелите“ постигна 39 гола, а имаше и 67 асистенции.
Денеска, на својот последен настап, Евертон дома загуби од „давеникот“ Борнмут со 1-3, Бејнс во игра влезе во 70 минута и веднаш ја доби капитенската лента.
Го носеше и дресот на „Гордиот Албион“ и тоа 30 пати.
„Имаше фантастична кариера и беше сјаен пример за сите играчи. Секој навивач на Евертон би требало да биде горд на него. Му понудивме да остане во клубот, наредните денови ќе одлучи“ рече менаџерот Карло Анчелоти.