Top Sport

Лекарите го пролонгираа враќањето на Ансу Фати

Ансу Фати, новата десетка на Барселона, ќе го продолжи периодот на рехабилитација. Младиот фудбалер не добил одобрение од лекарскиот тим да се врати во тимот, на натпреварот со Гранада на 20.септември.

„АС“, објави дека лекарскиот тим на Барселона не бил задоволен како оди рехабилитацијата на Фати. Поради тоа не бил во протоколот за пријателскиот натпревар со Ел Прат, кој се одигра вчера.

Фати, се повреди во ноември минатата година против Бетис. Во изминатите десет месеци, тој имаше три операции на повреденото колено.

Доколку се оди според планот, Фати, би требало да се врати во тимот на Барселона на 17.октомври кога Барса ќе игра против Валенсија.

Scroll to Top