Top Sport

Лекип: Меси заработува двојно повеќе од Роналдо

Лионел Меси е најплатениот фудбалер во светот, во Барселона неговата бруто плата на месечно ниво изнесува 8,3 милиони евра, објави „Лекип“. Во Топ 10 според месечната плата, најплатени се играчите во Премиер лигата, Ла Лига, Серија А и Лига 1, а нема ниту еден играч од Бундес лигата.

Меси е на врвот на листата на најплатени играчи во светот, неговата бруто плата е двојно поголема од онаа што ја добија Кристијано Роналдо во Јувентус. Платата на Португалецот во Јувентус изнесува 4,7 милиони евра. Трет на листата е напаѓачот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман (3,3 милиони евра).

На четвртото место е Нејмар од Пари Сен Жермен (3,06 милиони евра), а соиграчот на Меси од Барселона Луис Суарез со 2,9 милиони евра бруто месечна плата е на петтото место.

Во Топ 10 уште се Герет Бејл од Реал Мадрид (2,5), Филип Кутињо (Барселона, 2,3),Алексис Санчез (Манчестер Јунајтед, 2,28), Килијан Мбапе (Пари Сен Жермен, 1,73) и Месут Езил (Арсенал, 1,6).

На вврвот во Бундес лигата е Роберт Левандовски. Полјакот во Баерн Минхен има месечна плата од 1,33 милиони евра.

Scroll to Top