Top Sport

Лилјак го прекина мечот на Индијана и ЛА Клиперс (Видео)

Индијана Пејсерс изминатата ноќ ги декласираа ЛА Клиперс 116:92, а мечот го обележа неповикан гостин, кој два пати се појавуваше во „Бенкерс лајф Филдхаус“ арената во Индијанаполис.

Хрватот Бојан Богдановиќ одигра брилијантен меч и со 29 поени ја предводеше Индијана, меѓутоа ѕвезда на вечерта беше еден лилјак за кој никој не може да објасни како успеал да влезе во арената.

Најпрвин во втората четвртина се спуштил до теренот и предизвикал прекин на мечот на две минути.

Повторно се појавил на средина од третата четвртина.

Scroll to Top