Top Sport

Лекип: ПСЖ нема да ги исполнат барањата на Мбапе, ќе го стават на продажба

Килијан Мбапе, фудбалер кого Пеле го прогласи за свој наследник е на продажба, пишуваат водечките вранцуски медиуми „Ле Парисиен“ и „Лекип“. Според овие извори, во клубот биле незадоволни што со месеци чекаат Мбапе да одговри на нивната понуда.

ПСЖ, за Килијан Мбапе, на Монако им платија 180 милиони евра во 2018 година. Неговиот договор истекува во јуни 2022 година. ПСЖ не смеат да си дозволат, да останат без напаѓачот за помала цена од реалната. 22-годишникот вреди 200 милиони евра и тоа е сума која ПСЖ ќе ј бараат во летниот преоден рок.

„На неколкуте последни состаноци, клубот му понудил договор на четири или пет години и плата која ја следи тешката финансиска ситуација, што ја предизвика коронавирусот, меѓутоа Мбапе одолговлекува и бара дополнително време да размисли“, пишува „Лекип“.

Според овој извор, Мбапе барал дупло поголема плата, со актуелниот договор тој заработува 17,5 милиони евра годишно. Мбапе сакал 35 милиони евра годишно, колку што заработува Нејмар. Исто така тој сметал дека во француската лига нема да може да напредува.

Наводно три клуба се фаворити за неговиот потпис: Реал Мадрид, Манчестер сити и Ливерпул. Овие клубови се сериозно заинтересирани за него, но прашање е дали можат да ги исполнат неговите финансиски барања.

Scroll to Top