Top Sport

Лемар во Арсенал, Лаказет во Атлетико

Челниците на Арсенал биле подготвени да разменат играчи со Атлетико Мадрид. Според англиските медиуми Арсенал би го испратил Александар Лаказет во Мадрид во замена за Тома Лемар.

Предлогот да разменат фудбалери е добар за двете страни бидејќи не морале да трошат пари што е важно за финансискиот фер-плеј.

Лаказет не игра онака како што се очекува од него, а истото важи и за лемар кој не ги оправда вложените 70 милиони евра. Лемар има постигнато само два гола за Атлетико.

Интересно Атлетико и во минатото беа заинтересирани за Лаказет, но неговиот трансфер „јорганџиите“ не успеаја да го реализираат бидејќи беа под суспензија од ФИФА.

Scroll to Top