Top Sport

Ван Нистелрој: Никогаш не сум го рекол тоа, Капело лаже

Поранешниот тренер на реал Мадрид Фабио Капело во интервју за „Скај Спорт“ раскажал за периодот кога по втор пат бил тренер на „кралскиот клуб“, во сезоната 2006/07. Славниот тренер рекол дека Бразилецот Роналдо бил најдобриот играч што имал можност да го тренира, но дека често му правел проблеми во соблекувалната.

„Правеше забави и такви работи. Еднаш Ван Нистелрој ми кажа:„Мистер во соблекувалната мириса на алкохол“. Кога Роналдо во јануари 2007 се пресели во Милан започнавме да победуваме. Кога станува збор за талентот, нема поголем талент од него“, рекол Капело.

На оваа изјава на Капело веднаш реагираше поранешниот холандски репрезентативец.

„Капело во изјавата истакна дека јас сум му кажал дека „соблекувалната смрдела на алкохол“. Категорично го негирам тоа, ги негирам неговите тврдења. Соблекувалната од првиот мој ден во Реал беше и повеќе од професионална“, рекол Ван Нистелрој.

Капело: Роналдо правеше најмногу проблеми

Scroll to Top