Клеман Ленгле со насмевка пријателски разговара со Роберт Левандовски, а Гави со солзи во очите го напушти теренот во Минхен. Оваа сцена најдобро ја отсликува ситуацијата во која се наоѓа Барселона.
Гави е дете на клубот, му се предвидува голема кариерата, Ленгле е легионер, кој веројатно со душа сака да замине од клубот кој се наоѓа во длабока криза на сите полиња.
Gavi's reaction knowing Barça was heading to the Europa league compared to Lenglet at full time tells you everything that's wrong with this current Barça team. And this doesn't just apply to Lenglet this applies to many of the veterans in this team.
pic.twitter.com/B7CyE139BW— Barça DNA?✨ (@PPMBARCA) December 9, 2021
Веројатно, Ленгле синоќа вчера си го потпиша отказот. Можно е во зимскиот преоден рок да биде продаден.
Неговиот пријателски разговор со Левандовски наиде на голема осуда во каталонските медиуми и кај навивачите.
„Ленгле ако го гледаш ова – ти се човек без срам. Го носиш грбот со кого се поистоветуваат милиони навивачи. Денес плачевме, не можевме да спиеме, не можевме да вечераме, а утре ќе бидеме нервозни. А што направи ти, се смееш една минута по завршувањето на натпреварот. Немаш срам“, рекол поранешниот фудбалер Џорди Џота, кој работи како новинар во „Ел Чирингито“.
„Јас да се прашував, ќе го натерав пеш да се врати во Барселона. А кога ќе дојдеше во Барселона веднаш би му го раскинал договорот. На крајот не е виновен Ленгле, но…Болно е ова“.
A traumatised Jota Jordi speaks to camera to explain how Clement Lenglet should be forced to walk back to Barcelona from Munich. pic.twitter.com/9byxBa8vod
— El Chiringuito in English (@ElChiringuitoEN) December 9, 2021
Барселона со поразот од Баерн во Минхен, прв пат по 2000 година, не успеа да се пласира во осмина-финалето, во Лигата на шампионите. На пролет, Барселона, ќе се натпреварува во Лига Европа.