Top Sport

Ленгле се сели во Тотенхем

Клемент Ленгле, дефанзивецот на Барселона е на чекор до трансфер во Тотенхем.

Францускиот фудбалер доби дозвола од клубот да оди на преговори, а моментално најреална варијанта е позајмица со опција за откуп на договорот по завршувањето на сезоната.

Целосните детали за договорот се очекува да бидат објавени во вторник, а пред тоа Ленгле ќе ги помине медицинските прегледи во Лондон.

Откако Чави пристигна во Барселона, Ленгле повеќе не е стандарден стопер. Од ноември минатата година одигра само седум натпревари како стартер во Ла Лига.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');