Монако доѓивеа дебакл во дуелот со Ленс во француската Лига 1. Ленс славеа во малото кнежевство со 4:1. По некомплетното трето коло, Ленс се лидери на табелата.
Опенда одлично по само седум минути игра го отвори резултатот, а на 2:0 зголеми Мачадо во 39. минута.
Монако успеа да намали во финишот на првиот дел, а потоа пропушти шанса да се врати во мечот.
По добрата завршница на играта на Монако, проблемите продолжија. Во 54. минута и Фофана од пенал зголеми на 3:1 за гостите, а 20 минути подоцна Монако остана о играч помалку. Точка на натпреварот стави Саид во 78. минута.