Top Sport

Лео Меси и Шели-Ен Фрејзер-Прајс се освојувачи на наградата Лауреус

Лионел Меси напиша уште една страница од спортската историја, откако по вторпат ја освои наградата Лауреус за најдобар спортист во 2022 година, а во исто време беше дел и од тимската престижна награда за освојувањето на Светското првенство во Катар во декември.

Друштво на Меси ќе му прави неверојатната јамајчанска спринтерка, Шели-Ен Фрејзер-Прајс, која е прогласена за спортистка на годината за нејзиниот петти трофеј од Светските првенства на 100 метри, како и за освојувањето на титулата од Дијамантската лига.

Фудбалерот на Манчестер јунајтед и на данската репрезентација, Кристијан Ериксен ја освои наградата за камбек на годината, враќајќи се на фудбалот на највисоко ниво по срцевиот удар кој го доби на терен во првиот меч на Европското првенство во 2021 година.

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, пак е „откритие“ на годината, откако стана светски рекет број 1, најавувајќи го крајот на доминацијата на неговиот сонародник Рафаел Надал и на на Новак Ѓоковиќ.

Scroll to Top