Top Sport

Лео Меси само еднаш се „извинил“ за постигнат гол

Лионел Меси само еднаш „кренал рака“ во знак на извинување за постигнат гол. Ѕвездата на Барса (во заминување) постигна гол при 3:0 победата на Барселона над аргентинскиот клуб Ривер Плата во финалето на Светското клупско првенство во 2015 , и наместо вообичаена прослава само ја крена раката.

Иако во Аргентина тој играл само за еден аргентински клуб и тоа како јуниор (Њуел олд бојс), по мечот тој призна дека му било криво за навивачите на Ривер.

„Знам колку било тешко да се патува за да се поддржува клубот и колку беа разочарани. Тука бев и јас, Аргентинец, кој го уништив тоа за нав. Не знам дали се извинував, но морав да направам некаков гест“, изјави тогаш Меси.

Претседателот на Ривер, Родолфо Д’Онофрио призна дека гестот значел многу за навивачите.

„Меси е џентлмен и тоа го почитуваме сите ние“, изјави Д’Онофрио.

Scroll to Top