Првиот потег на Леонардо како нов спортски директор на Пари Сен-Жермен ќе биде обидот да го привлече Џанлуиџи Донарума од Милан за 65 милиони евра.
Според „Тутоспорт“, Бразилецот, кој си замина од позицијата технички директор на Милан, го има избрано италијанскиот голман Донарума како прва цел, откако во Париз им недостасува голман по заминувањето на Џанлуиџи Буфон. ПСЖ се подготвени да дадат околу 60-тина милиони евра за 20-годишниот голман.
Леонардо си замина од Милан минатиот месец, а претходно работеше во ПСЖ од 2011 до 2013 година. Во овој период тој донесе голем број на фудбалери од Италија во француската престолнина: Хавиер Пасторе, Марко Верати, Салваторе Сиригу, Тијаго Силва и Златан Ибрахимовиќ.