Top Sport

Ердоган беше кум на свадбата на Озил

Германскиот фудбалер Месут Озил се ожени со својата долгогодишна свршеница, актерката Амине Ѓулсе во петокот на Босфорот во Истанбул, со посебен гостин – турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како негов кум.

Фотографиите кои беа објавени го покажуваат насмеаниот Ердоган и неговата сопруга Емине покрај Озил и Ѓулсе. Пред свадбата Озил и Ѓулсе, која иако е родена во Шведска, беше Мис на Турција во 2014, донираа пари за операција на 1.000 деца, но и дадоа голема донација на Црвената полумесечина за оброк за 15.000 сириски бегалци во Турција.

Одлуката на Озил Ердоган да биде кум на неговата свадба беше откриена во март оваа година, по што имаше голем број на критики од германските политичари, како Хелге Браун од владеачката Христијанска демократска унија (УЦИ), која изјави дека е „тажно“ што Озил се решил на таков потег.

Scroll to Top