Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, признал дека во клубот погрешиле кога им дозволиле на Тијаго Силва и Единсон Кавани да го напуштат Париз. Ветераните своите кариери ги продолжија во Премиер лигата, Силва во Челси, а Квани во Манчестер јунајтед.
„Можеби реагиравме премногу бргу. Отворено разговаравме со нив. Во тие моменти не можевме да одговориме на нивните барања. Тоа беше финансиската страна на проблемот. Исто така сакавме да ја подмладиме екипата. Приоритет ни беа Маркињос и Кипкембе. Тешка беше одлуката да се откажеме од услугите на Кавани и Силва. Мислам дека згрешивме“, рекол Леонардо.
Силва речиис цела деценија беше капитен и главен играч во одбраната на ПСЖ, додека Кавани е најдобриот стрелец во клупската историја.