Top Sport

Леонардо: Отказ за Гатузо? Немаме таков план

Спортскиот директор на Милан, Леонардо, ги отфрлил шпекулациите дека клубот ќе го смени тренерот Џенаро Гатузо. Милан се наоѓа во лоша серија на резултати, а неефикасноста е хроничен проблем. На последните четири натпревари избраниците на Гатузо немаат постигнато гол, што е најлоша серија на клубот уште од далечната 1984 година.

„Не сме размислувале за смена на тренерот, исто како што не можеме да негираме дека сме во лоша серија. Се обидуваме да ја поправиме ситуацијата“, рекол Леонардо.

„Целта е да завршиме меѓу најдобрите четири. Сопствениците се свесни за ситуацијата во која се наоѓаме, потребно е да соработуваме и да бидеме обединети. Не можеме да купиме десет играчи и во истиот момент работите да тргнат на подобро. Не е во нашите планови смена на Гатузо. Не сме контактирале други тренери“, дополнил Леонардо.

Милан вечерва ќе го пречка СПАЛ од 20:30 часот.

Scroll to Top