Top Sport

Роналдо два пати погоди против Сампдорија (Видео)

Јувентус забележа победа во дуелот со Сампдорија 2:1. Двата гола за „старата дама“ ги постигна Кристијано Роналдо. Овој меч го отвори 19.коло во Серија А.

Интересен натшревар одиграа Јувентус и Сампдорија, а во финишот ВАР-технологијата не дозволи гостите да освојат бод во Торино.

Јувентус по само 120 секунди игра стигна до предност. Стрелец беше Кристијано Роналдо, по додавањето од Паоло Дибала.

Гостите израмнија во 33.минута кога ветеранот Фабио Кваљареа погоди од белата точка. За Кваљарела ова беше 12.гол во сезоната.

Во второто полувреме, судијата Валери, досуди пенал и за Јувентус, а Роналдо погоди за 2:1. Португалецот стигна до бројката од 14 гола во Серија А.

Во самиот финиш играчите на Сампдорија постигнаа гол кој беше поништен.

Јуве по ова коло има 53 бода, додека Самдорија оста на 29.

Scroll to Top