Top Sport

Леонардо: УЕФА мора да го казни Реал Мадрид

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, уште еднаш го коментирал интересот на реал Мадрид за Килијан Мбапе. 22-годишниот напаѓа, одби да го продолжи договорот со клубот и веројатно како слободен играч на крајот од сезоната ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

„Во Мадрид нема да го признаат тоа, но тие веќе долго време работат на тоа да го донесат бесплатно Мбапе. Не се кријат во изјавите дека го сакаат во своите редови. Две години го прават тоа. Треба да бидат казнети. Таквиот настап значи дека не го почитуваат Мбапе. Тој не е обичен играч, тој е еден од најдобрите во светот. Целото раководство на Реал зборува само за Мбапе, тоа е непочитување“, рекол Леонардо.

ПСЖ и покрај тоа што Мбапе одби да го продолжи договорот нема лесно да се откажат од младиот напаѓач.

„Ние сакаме да го продолжиме договорот со Килијан. Не сме ги смениле плановите. Тој е дијамант кој совршено се вклопува во ПСЖ. Ги имаме Килијан, Лео и Неј. Никогаш не сме ја планирале нашата иднина без Мбапе“, заклучил Леонардо.

Scroll to Top