Top Sport

Вардар финишот го скрши Металург

Ракомeтарите на Вардар го победија Металург со 38:30. Вардар победи и во шестиот натпревар и го задржа максималниот ефект во домашното првенство.

Крајниот резултат, не ги отсликува настаните на теренот. Вардар, отпорот на Металург го скрши во последните девет минути од натпреварот.

Гостите од Автокоманда, на полувреме, имаа предност од еден гол (18:19). Израмнето беше на влезот во последните десет минути, кога одбраната на Вардар ги реши дилемите околу победникот.

Ракометарите на Металург во последните девет минути не постигнаа гол, Вардар во тој период поентираше седум пати за конечен триумф.

Тимур Дибиров го предводеше Вардар со осум гола, по седум постигнаа Филип Талески и Куни Моралес. Кај Металург, најефикасен беше Халил Озтурк со седум гола.

Фото/ Денис Дуковски, РК Вардар

Scroll to Top