Top Sport

Леонардо замина од Анталија по само два месеци

Бразилската фудбалска легенда, Леонардо веќе не е тренер на турскиот прволигаш Анталијаспор по само два месеци на позицијата.

„Нашиот тренер Леонардо си замина од клубот по заеднички договор. Му благодариме за работата и му посакуваме голем успех во иднина“, се вели во соопштението на Анталија.

Леонардо, кој претходно беше тренер на Милан и Интер, а беше и спортски директор на Пари Сен-Жермен, изненадувачки реши да замине за Турција за да преземе голем предизвик – да ги крене Анталијаспор на табелата, но неуспехот беше голем.

Анталија е во Супер лигата од 2015 година, но во тимот од туристичкиот центар има голем број ѕвезди како капитенот Самуел Ето и француската ѕвезда Самир Насри. Тимот е веднаш над зоната за испаѓање со 13 поени од 14 меча, а последен удар беше 3:0 поразот на гости кај Трабзонспор.

Scroll to Top