Лацио победи кај Специја со 3:0 и се зцврсти на втората позиција на тебалета во Серија А. Со натпревар повеќе од конкурентите, Лацио има 61 бод, осум повеќе од Рома, девет од Милан и десет од Интер. Специја остана на 17.место со 26 бода, само четири повеќе од 18.пласираната Верона.
Специја подобро влезе во овој меч, Мехди Бурабија ја погоди гредата во втората минута, а потоа во следниот напад Проведел го одбрани обидот на Нзола.
Од тој момент тимот на Маурицио Сари се разбуди и Специја веќе немаше никакви шанси да избегне пораз.
Гостите поведоа во 36. минута. Досуден беше пенал, а Чиро Имобиле погоди за 1:0.
На крајот од првото полувреме уште три убави шанси за гостите. Не успеаја да го постигнат вториот гол и Лацио на одмор замина со минимално водство.
Во вториот дел Драговски уште два пати беше совладан. Гостите одиграа феноменална акција во 52. минута, а истата ја заврши Фелипе Андерсон за 2:0.
Конечниот резултат го постави Маркос Антонио во 89.минута.